Швајцарија

Швајцарија

Држава

Швајцарија

Регион

Кантон Цирих

Град

Цирих

Категорија

Октомври

1

БАЈКОВИТА ШВАЈЦАРИЈА
(Лозана, Женева, Монтре, Берн, Цирих, Луцерн)

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

2

18 октомври     Скопје - Базел - Цирих
Состанок на групата во 05;25 часот на скопскиот аеродром. Летот на Визер за Базел е во 07;25 часот. Слетување во 09;45 часот. Организиран трансфер до Цирих. Пристигнување и разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознат универзитет, најголем аеродром и железничка станица... Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Железничката станица, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

19 октомври     Цирих – Луцерн
Појадок. Препорачуваме факултативен излетво Луцерн, прошетка по дрвениот мост Kapellbrücke, кој со оригиналната кула е еден од симболите на градот, градските ѕидини со саат кулата чиј часовник отчукува една минута пред полн час, музејот на композиторот Рихард Вагнер, модерниот повеќенаменски објект KKL- Конгресен и уметнички центар во кој е сместена концертна сала со извонредна акустика и Уметнички музеј, споменикот на Лавот од Луцерн – посветен на швајцарските гардисти што биле убиени во палатата Тиелери во Париз во 1792 година. Посета на фестивалот на сирењето.... Враќање во ЦирихСлободно попладне. Ноќевање.

20 октомври     Цирих - Берн - Лозана
Појадок. Заминување за Лозана. Попатно, посета на главниот град на Швајцарија- Берн, чиј стар дел е ставен на листата на УНЕСКО, како светско културно наследство. Вистинско задоволство е да се прошета по пешачките улици, покриени со аркади, украсени со фонтани, саат кули и други интересни објекти. Меѓу нив посебно привлечни се Bundeshaus – Сојузната палата (Собрание) на Швајцарија и плоштадот пред неа, Einsteinhaus, Kramgasse 49, во која живеел Алберт Ајнштајн додека работел во Швајцарскиот центар за патенти, Zytglogge, саат кулата од 13 век, Дувлото на мечките, симбол на Берн... Пристигнување во Лозана во попладневните часови, сместување во хотел. Разглед на Лозана - седиште на Меѓународниот олимписки комитет, на Олимпискиот музеј и најмал град во светот во кој постои метро (подземна железница). На ридот, во стариот дел на градот доминира катедралата и камбанеријата од која веќе шест века, „чуварот“ на секој час  испукува плотун. Внимание привлекува и протестантската црква. Ноќевање.

21 октомври     Лозана - Монтре - Женева
Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет, посета на замокот Шилон, кој е најпосетуван објект во Швајцарија. Се наоѓа на самиот брег на Женевското Езеро, кој во минатото служел за собирање царина/даноци од минувачите и трговците кои оделе за Италија. На помалку од десет километри одалеченост се наоѓа монденскиот град Монтре – познат како град на џезот и музичарите. По кејот на Женевското Езеро вниманието го привлекува споменикот на познатиот пејач Фреди Меркјури. Патувањето продолжува за Женева.  Разглед на Женева,  еден од најголемите центри на меѓународната дипломатија. Во него се наоѓа Палaтата на нациите во која е сместено седиштето на ООН, Меѓународниот комитет на црвениот крст, Светската трговска организација, во Женева е и седиштето на протестантската црква, односно на Калвинистите, поради што ја нарекуваат „Протестантски Рим“. Женева е интересна и затоа што во Женевското Езеро се наоѓа Jet d'Eau – воден млаз кој водата ја исфла во височина до 140 метри, цветниот часовник, истекот на реката Рона и островчето Русо, катедралата Свети Петар, Паркот на реформаторите, Градската куќа во стариот дел на градот... Враќање во хотел во Лозана. Ноќевање.

22 октомври     Лозана – Базел – Скопје
Појадок. Трансфер од хотелот до аеродромот во Базел. Лет на Визер во 20;45 часот.
Пристигнување во Скопје во 23.00 часот.

3

Монтре, замокот Шилон, Женева 95 Є
Луцерн 50 Є
3

Kуфер до 10кг/ 20кг (инфо во агенција ) 11111 Є
Туристичка такса 23 Є
Патничко – здравствено осигурување 6 Є
Еднокреветна соба 260 Є
3

Во цената на аранжманот Е вклучено:
Авионски превоз Скопје – Базел – Скопје   
Аеродромски такси
2 ноќевања со појадок во хотел Ibis Lausanne Crissier 2* во Лозана
2 ноќевања со појадок во H+ Hotel Zürich  4* во Цирих
Организиран разглед на Цирих, Лозана, Берн според програмата
Кабинска торба со димензии 40х30х20цм до 10кг
Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг/ 20кг (инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 1390 денари - се плаќа во агенцијата
Факултативна посета на Луцерн 50€
Факултативна посета на Монтре, замокот Шилон, Женева 95€
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
Еднокреветна соба 16.000 мкд

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0