Сараево

Сараево

Држава

Босна и Херцеговина

Регион

Сараевски Кантон

Град

Сарајево

Категорија

8ми Март

1

Патувањето може да биде со валидна лична карта и пасош.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патнициво спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.За факултативните излети потребен е минимум од 20 патници

2

10.10.2024  – 
Планирано поаѓање во 18:00 часот од Битола спортска сала. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово. Патувањето ќе биде преку граничен премин Табановце. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.

11.10.2024 
Во утринските часови се пристигнува во Сараево, сместување во хотел доколку има слободни соби, во спротивно прво се упатуваме на разглед а потоа се сместуваме).
Со локалниот водич прошетка низ центарот на градот, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, Катедралата на светото срце Исусово итн…
Со патниците кои ќе доаѓаат на факултатива продолжуваме кон Тунел Спаса (атракција на градот, музеј во кој се зачувани бројни експонати од време на опсадата на Сараево) разглед до Врело Босне, најпознатото обележја на Босна и Херцеговина, на периферијата на Сараево покрај Илиџа. Враќање во хотелот. Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање...

12.10.2024 
Појадок. Заминување (факултативно) за Мостар, час и половина за возење. Попатно застанување за фотографирање во Јабланица (мостот кај ‘битката на Неретва’).
Па се упатуваме кон местото каде што се мешаат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, Врело Буна, извор на реката Буна.
Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите извори во Европа. Водата тече низ пештера, дел од карпа висока 200 метри, Буна е лева притока на реката Неретва.
Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката.... Групата ќе има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности.
Продолжуваме кон Мостар, административен центар на кантонот Херцеговина. По пристигнување се прави прошетка низ стариот дел на градот, чаршијата, мостот на Неретва.
Ќе имате можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар но и на Босна и Херцеговина.
Во договорено време со водичот со групата се враќаме назад во Сараево. Слободно време за прошетки во некој од трговските центри, искачување на највисокиот облакодер во БИХ – Аваз твист кулата или прошетка низ Башчаршија. Ноќевање.

13.10.2024 – 
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот, особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.

По посетата се упатуваме кон Македонија со што патниците кои не доаѓаат на оваа факултатива ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево.

Откако ќе се собере цела група продолжуваме. На околу 20 км пред границата со Р.Србија ќе пристигнеме во Вишеград и прво правиме посета на ‘Андриќград’ град и културен центар кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав, изграден по иницијатива на Емир Костурица. Потоа со групата се упатуваме кон разглед на Мостот на Дрина (околу 15 минути се задржуваме за фотографирање). Прекрасен град каде туристите ќе имаат прилика да крстарат по Дрина и да се запознаат со убавините на градот. По разгледите поаѓање према Македонија.

 

 

 

 

10.03.2024 – По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. 
Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот.
Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич.
Пирамидите се наоѓаат во близина на градот Високо, а датираат од предбиблиската историја.
Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали.
Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро.
Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал, ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото.
Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат.
Просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.
По посетата се упатуваме кон Македонија со што патниците кои не доаѓаат на оваа факултатива ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево.
Откако ќе се собере цела група продолжуваме. На околу 20 км пред границата со Р.Србија ќе пристигнеме во Вишеград и прво правиме посета на ‘Андриќград’ град и културен центар кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав, изграден по иницијатива на Емир Костурица.
Потоа се упатуваме кон Мостот на Дрина (околу 15 минути се задржуваме за фотографирање).
Прекрасен град каде туристите ќе имаат прилика да крстарат по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот.
По разгледите поаѓање према Македонија.

14.10.2024 
Попатни одмори, царински формалности. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

3

Босански Пирамиди 25 Є
Тунел Спаса, Врело Буне, Јабланица, Мостар, Врело Босне 60 Є
Мостар – Благај 45 Є
Тунел Спаса – Врело Босне 25 Є
Крстарење по Дрина во Вишеград 10 Є
3

Туристичка такса 3 Є
3

Во цената Е вклучено
Сместување во хотел 3* во Сараево / 2 ноќевања со појадок
Автобуски превоз: Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Куманово
Tуристички придружник за време на целото патување
Разглед на Сараево со локален водич
Посета на Вишеград
Посета на Андриќ град

Во цената НЕ Е вклучено
Патничко осигурување (информации во агенција)
Туристичка такса 3 € се плаќа задолжително во автобус...

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0