Стразбур

Стразбур

Држава

Франција

Регион

Алзас

Град

Стразбур

Категорија

Октомври

1

Стразбур-Франција
На исток со планинскиот масив Вогези, на запад со Германија, се наоѓа Алзас.
Историјата и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност…
Главен град на регионот е Стразбур, кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија.
Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје.
Планинскиот масив Шварцвалд (Црната Шума) во германската сојузна држава Баден–Буртенберг формира правоаголник помеѓу Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца.
Шварцвалд отсекогаш инспирирал со низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади… 

2

04.10 Петок                            СКОПЈЕ – БАЗЕЛ – СТРАЗБУР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:25 часот. Полетување за Базел во 07:25 и пристигнување во 09:45 часот. Трансфер ја пречекува групата на аеродром, патување за Стразбур. Пристигнување во центарот, од каде почнува разглед на градот: седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот:  Катедралата Нотр Дам во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Можност за крстарење по каналите на Стразбур. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка. Ноќевање.

05.10 Сабота                          ШВАРЦВАЛД - Баден Баден - Хајделберг
Појадок. Целодневен факултативен излет во Шварцвалдразглед на Баден-Баден, кој се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и претставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Патувањето го продолжуваме кон Хајделберг, романтично гратче сместено на реката Некар. Атракција е ренесансниот замок на брдото над градот кој спаѓа меѓу најимпресивните објекти во Германија и опстојува повеќе од 700 години, се вбројува во топ 10 најпопуларни европски знаменитости со повеќе од 3 милиони туристички посети годишно. Градот е седиште на една од најстарите образовни институции во Европа – Универзитетот Руперт-Карл, основан во 1386-та година. Панорамско разгледување на градот: Карловата капија 18-ти век, Замокот Хајделберг 14-ти век, Градското собрание од 14-ти век, стариот градски плоштад, стариот мост на Некар долг 200 метри од 18-ти век, готската црква на Свeтиот Дух од 14-ти век, Универзитетската четврт, Алејата на филозофите со најубав поглед на стариот дел на градот. Враќање во Стразбур. Ноќевање.

06.10 Недела                         АЛЗАС - РИКВИР и КОЛМАР - ФРАЈБУРГ
Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас: селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Посета на винарија и можност за дегустација на вино. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден. Попатна посета на Фрајбург:  гратчето кое го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по Главниот плоштад со Катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, Трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, Градското собрание од 16-ти век, Плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Враќање во хотел. Ноќевање.

07.10 Понеделник                СТРАЗБУР - БАЗЕЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка во Стразбур. Поаѓање за Базел, разглед на градот. Слободно време до трансферот до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 20:55 часот и слетување во 23:10 часот.

3

Крстарење по каналите на Стразбур 25 Є
Шварцвалд: Баден Баден и Хајделберг 75 Є
Излет до Шварцвалд: Баден Баден и Хајделберг 65 Є
Крстарење по каналите на Стразбур 25 Є
Шварцвалд: Баден Баден и Хајделберг 75 Є
Излет до Шварцвалд: Баден Баден и Хајделберг 65 Є
3

Еднокреветна соба 90 Є
Туристичка такса 15 Є
Патничко осигурување 5 Є
3

Во цената на аранжманот Е вклучено:
Авионски билет на релација Скопје – Базел – Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Сите трансфери по програмата со автобус
3 ноќевања со појадок во Хотел City Résidence Strasbourg 3* 
Организиран разглед на Базел и Стразбур
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Доплата за багаж: куфер за чекирање до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 5 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 930 денари (се плаќа во агенција)
Крстарење по каналите на Стразбур 25 Є (се плаќа на лице место)
Факултативен излет до Алзас: Риквир и Колмар и Фрајбург 75 Єа
Факултативен излет до Шварцвалд: Баден Баден и Хајделберг 65 Є

Пакет факултативи (Алзас, Шварцвалд, крстарење Стразбур)  150 Є
Доплата за еднокреветна соба 7.300 мкд
Влезници за локалитети и културно-историски споменици,
Билети за јавен превоз
Патничко осигурување

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0